Кривична пријава за вработен во Општина Конче поради несовесно работење

Од:

Полицијата во Радовиш поднесе кривична пријава против М.А.(46) од село Дедино вработен во Општина Конче како помлад инспектор за заштита на животната средина и комунални работи, осомничен за кривично дело „несовесно работење во службата“.

МВР соопшти дека во 2014 година пријавениот од градоначалникот на Конче бил овластен во име на Општината да изврши прием на 12.000 литри нафтени деривати, одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање.

М.А. постапил спротивно на член 8 од склучениот договор помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Конче и во три наврати дозволил да се подигнат нафтени деривати од по 660 литри или вкупно 1980 литри нафта од неовластено лице М.И., без притоа да се знае каде и како потоа се искористени тие количества нафта.

– На тој начин пријавениот му нанел штета на општинскиот буџет во висина од околу 7.130.000 денари, а останатите количини на нафтени деривати дозволил да бидат потрошени без да се води соодветна евиденција за нив, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи