Кривична пријава за стружанец поради напад на полицаец

Од:

Струшката полиција поднесе крицична пријава против 54-годишниот Ш.А. од Струга поради сомнение дека сторил казнено дело „спречување службено лице при вршење на службено дејствие“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот на 12-ти минатиот месец извршил физички напад врз полициски службеник од полициската станица во Струга, нанесувајќи му удари со раце и нозе во пределот на телото и вратот.

– Настанот се случил во угостителскиот објект „Палестина“ во Струга околу 16 часот, каде Ш.А. во алкохолизирана состојба со нож упатил закани по животот на сопственикот на ресторантот и започнал да го оштетува инвентарот. По пријавување на сопственикот, со цел спречување нарушување на јавниот ред и мир и оштетувањата, интервенирале полициските службеници, изјави Димоски.

При обид за приведување, додаде, пријавениот давал активен отпор, а во еден момент и физички нападнал полициски службеник ударајќи го со раце и нозе во пределот на телото и вратот. Набрзо, Ш.А. бил приведен во полициската станица во Струга каде било извршено алкотестирање.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он