Кривична пријава за струмичанка што изработувала фалсификувани ПЦР тестови

Од:

СВР Куманово поднесе кривични пријави против В.М.(51) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против С.Ј.(25) од Радовиш, Р.М.(24) од Струмица, О.Ј.(23) од Радовиш, Џ.С.(43) од Радовиш, М.Р.(25) од Радовиш, С.С.(18) од Радовиш, Е.С.(47) од Радовиш, Е.Д.(65) од Радовиш, К.Р.(23) од Радовиш, С.Д.(67) од Радовиш и А.М.(24) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, информира МВР.

Како што соопшти Министерството, првопријавената, во текот на 2021 година изготвувала фалсификувани ПЦР тестови за Ковид-19 и ги продавала на лица кои имале потреба да патуваат во европските земји.

Меѓу нив биле и останатите пријавени, кои на 09.10.2021 ги приложиле фалсификуваните тестови на Граничен премин „Табановце“.

Би можело да ве интересира

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична