Кривична пријава за скопјанец за силување соседка

Од:

СВР Скопје поденесе кривична пријава против М.Л.(27) од Скопје, поради основано сомневање дека извршил кривично дело „силување“ врз 44-годишна соседка, која пред извршувањето на кривичното дело, грубо физички и психички ја малтретирал, нанесувајќи и телесни повреди по главата и телото.

Како што информира МВР, настанот се случил ноќта на 18 јули во домот на жртвата во Скопје, каде како соседи кои меѓусебно се познават, живеат сторитетелот и жртвата.

– Во критичното време оштетената била сама дома и гледала телевизија и сите врати и прозорци од куќата биле затворени, освен еден прозорец од кујната. Околу, 01 часот, таа се упатила кон кујната, каде и била нападната од М.Л., кој влегол преку отворениот прозорец и пришол позади грб и затворајќи и ја устата со рака ја одвлечкал во спалната соба. Таму прво околу 30-тина минути психичи и физички ја малтретирал, нанесувајќи и телесни повреди по главата и телото, а потоа присилно извршил обљуба врз неа, соопшти МВР.

За цело време додека траела обљубата, се нагласува во соопштението, М.Л. и ја држел устата затворена со рака, а со другата ја давел. По речиси 40-минутното, психичко, сексуално и физичко малтретирање, пријавениот не си заминал, а жртвата успеала да го убеди да ја пушти да оди во тоалет, на што се согласил, а таа го искористила моментот и преку надворешните скали од куќата се качила кај мајка и, која живее на првиот спрат од куќата, од каде повикале полиција.

По пријавувањето пристигнале полициски службеници од СВР Скопје, кои криминалистичко технички го обработиле местото на настанот, а целокупниот подигнат материјал е предаден на вештачење.

Во моментот додека жртвата телефонски го пријавувала настанот, видела дека М.Л. бега, но по кусо време тој е пронајден и лишен од слобода од страна на полициски службеници на Единицата за прв одговор и интервенција-АЛФА.
М.Л. и претходно е кривично пријавуван како сторител на деликти проследени со насилство, имотни деликти, нарушувања на јавниот ред и мир, како и сообраќајни прекршоци предизвикани од управување под дејство на алкохол.

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници