Кривична пријава за скопјанец за предизвикување општа опасност

Од:

СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје го предаде лицето В.А. (26) од Скопје, поради основано сомнение дека на 12 овој месец, околу 23 часот на улица „Менделеева“ во близина на Природно математички факултет поточно во парк шума „Гази Баба“ при вербална расправија поради нерасчистени должничко доверителни односи со лицето Л.Е. (19) од село Арачиново, извадил пиштол непозната марка и калибар кој го носел со себе и испукал еден до два куршуми по што Л.Е. се дал во бегство.

МВР соопшти дека со превземените дејствија В.А. сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, а Истражен судија му одредил мерка притвор од 15 дена.

Според документираните сознанија на истрагата, половина час пред средбата, пријавениот телефонски се јавил кај лицето Л.Е. и го известил дека парите кој што постојано ги барал нема да му ги врати по што настанала вербална расправија, а на крајот В.А. го прашал Л.Е. каде се наоѓа за физички да се пресметат. Околу 23 часот В.А. пристигнал на местото и по кратка вербална расправија со Латиф поради нерасчистени должничко доверителни односи во врска со мобилен телефон, во еден момент В.А. извадил пиштол и го вперил кон Л.Е. при што веднаш се дал во бегство кон парк шумата додека В.А. испукал еден до два куршуми, се вели во соопштението.

Веднаш потоа, како што е наведено, Л.Е. телефонски го известил неговиот пријател Ф.А. (23) кој настанот го пријавил во полиција. В.А. е лоциран на улица „Бајрам Шабани“, пресретнат и фатен од полициски службеници при СВР-Скопје и е приведен во Полициската станица Кисела Вода.

По пријавување на настанот од страна на увидна екипа од Единица за истрага на место на настан и вештачење извршен е увид. Од извршената проверка во крим-евиденциите на СВР-Скопје лицето В.А. минува за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“, „насилство“, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „предизвикување општа опасност“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа