Кривична пријава за скопјанец за поседување дрога

Од:

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје поднесе кривична пријава за лицето Д.Ј. (33) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавениот, како што соопшти МВР, на 26 февруари годинава бил во возило со уште две лица, кое од страна на полициски службеници „Алфи“ било сопрено на улицата „11 Октомври“. При изршено легитимирање на лицата и преглед на возилото, кај пријавениот се пронајдени 40 црвени таблети и две полиетиленски ќеси со непозната прашкаста материја.

– Лицето е предадено во Единицата за недозволена трговија со дрога, а по извршеното вештачење на таблетите и прашкастата материја е утврдено дека станува збор за 40 таблети екстази, осум половинки од таблети екстази, два грама издробени таблети екстази и околу девет грама прашкаста материја амфетамин, за кои пријавениот не дал појаснување од каде и од кого ги набавил, информира МВР.

Судија на претходна постапка му одредила мерка притвор во траење од 30 денови.

Д.Ј. во период од 1998 до 2011 година петпати кривично пријавуван за извршени имотни деликти и деликти проследени со насилство.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец