Кривична пријава за скопјанец поради семејно насилство

Од:

СВР Скопје до основното јавно обвинителство  Скопје поднесе кривична пријава против лицето С.Н. (34), поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. Од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Пријавениот на  почетокот на неделава, односно на 9-ти овој месец околу 11 часот во неговиот семеен дом во Скопје по претходна вербална расправија, почнал со перница да ја удира неговата мајка, по што откако неговиот брат му рекол да престане со малтретирањето,  почнал да го удира и него со тупаници и нозе по главата и телото нанесувајќи му видливи повреди во вид на модринки по лицето. По извршениот физички напад над него братот на пријавениот успеал да избега од дома и да го пријави настанот во полиција.

По превземените мерки и активности приведен е С.Н. со кого е извршен разговор и истиот бил ослободен. Откако пристигнал дома, повторно физички ја нападнал неговата мајка удирајќи ја со тупаници по главата и телото по што таа паднала на земја, а потоа влечејќи ја за нога ја извадил надвор од нејзиниот дом и и ја заклучил влезната врата. По ова мајката се упатила во Полициска станица да го пријави настанот, за што С.Н. повторно бил приведен.

Пријавениот С.Н. уште како малолетник е познат сторител на кривични дела и против него до сега се поднесени вкупно 12 кривични пријави (за кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, тешка телесна повреда, лажно пријавување кривично дело, кражба, одземање моторно возило, тешка кражба, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги). За дел од нив му се изрекувани мерка засилен надзор од родител-посвоител, две условни осуди и четири казни затвор.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија