Кривична пријава за скопјанец осомничен за шест „измами“ на турски студенти

Од:

СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Б.(18) од Скопје осомничен дека извршил шест кривични дела „измама“ стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 54.000 денари.

Пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, соопшти денеска МВР, во шест наврати измамил шест лица турски државјани. Кривичните дела ги извршил во временскиот период септември – октомври годинава, и тоа две на подрачје на Бит Пазар и четири на подрачје на Центар.

Тој со лажно прикажување на факти на странските државјани – студенти, им ветувал дека ке им извади лични карти за странец и за таа услуга од нив земал пари. Меѓутоа С.Б. ниту им извадил лични карти за странец во Република Македонија, ниту им ги вратил паричните средстава на оштетените. С.Б претставувајќи се дека има фирма за недвижности на некои од измамените им ветувал дека ќе им обезбеди и стан под кирија при што им земал пари за капар и пари за провизија, за што пријавениот им давал парагон ливче каса -прими без печат. Притоа се договарале наредниот ден да одат на нотар со цел да го заверат договорот за закуп на стан меѓутоа во закажаниот термин С.Б. не се појавувал.

На 19-ти овој месец во ПС ОН Центар извршен е разговор со лице исто така турски државјанин кој пријавил дека е во преговори со пријавениот да му обезбеди стан под закуп за кој треба првично да плати одредена сума пари. Набргу С.Б. е лоциран, а потоа и лишен од слобода и донесен во ПС ОН Центар за расчистување на пријавените кривични дела. Во ПСОН Центар С.Б. во присуство на бранител се бранел со молчење а од него со потврда за привремено одземени предмети одземен е еден парагон блок со 18 употребени ливчиња.

Во ПС ОН Центар неповикано дошла и С.С. мајка на пријавениот која појасни дека С.Б. не работи во фирма за недвижности и не е овластен да превзема работи во нејзино име.
Инаку, од страна на СВР Скопје против С.Б. во 2013 година поднесена е една кривична пријава од областа на имотните деликти по чл. 247 од КЗ на РМ.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он