А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за скопјанец кој произведувал марихуана

by А1он14/11/2015 - 13:40222
Share0

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Г.Ј.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од страна на судија на претходна постапка, на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

– Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека непознато лице од Скопје, во својот дом неовластено произведува и поседува марихуана, која ја подготвува и пакува за улична продажба, презеде интензивни мерки и активности за утврдување на идентитетот на лицето и потврдување на добиените сознанија, информира денеска МВР.

Од преземените мерки и активности утврдено е дека Г.Ј. се занимавал со неовластено призводство и продажба на марихуана и во текот на јули годинава, и во непосредна близина на домот засадил и одгледувал две стебла од растението канабис. Во текот на минатиот месец од засега непознато лице, за сума од 2.500 евра набавил околу 800 грама наркотична дрога марихуана, која во својот дом ја препакувал во помали полиетиленски паковки, со намера да ги пушти во улична продажба откако ќе најде купувачи.

Следете a1on на Youtube YouTube

Завчера со наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана која била спакувана во 27 полиетиленски пакувања за улична продажба, две тегли и една ќеса облепена со селотејп, две стебла марихуана, како и две засадени стебла марихуана во дворот. Во домот на пријавениот е пронајдена дигитална вага со траги од марихуана, како и 17.000 денари.

Со Г.Ј. извршен е разговор и појаснил дека сам ја насадил и набавил марихуаната, која е пронајдена во неговиот дом и дека планирал да ја продава откако ќе најде купувачи.

drogamvr

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он12/09/2026 - 09:41

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:05

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он10/09/2026 - 17:56

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он08/09/2026 - 15:28

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он07/09/2026 - 10:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео