Кривична пријава за скопјанец кај кого биле пронајдени поголема количина на оружје и муниција

Од:

СВР-Скопје поднела кривична пријава против З.Г. (57) од Скопје за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, откако му пронашле поголема количина на оружје и муниција.

По преземени оперативно тактички мерки, Единицата за недозволена трговија дошла до сознание дека З.Г. набавил поголема количина на оружје и муниција. Дел од неа носел во мотоциклот кој го управува, а дел се наоѓала во неговиот дом, информираат од МВР.

На 19.10.2017 година околу 18.40 часот, полицајци го забележале З.Г. со мотоцикл „Априлија“ во близина на пазарот на улица Маџари. По извршениот претрес на мотоциклот, под седиштето биле пронајдени и одземени два сигнални револвери, еден сигнален пиштол и 150 куршуми. З.Г. бил приведен, а по извршените консултации и добиена усна наредба од Јавен обвинител, бил извршен претрес во домот и другите простории на З.Г. на улица Маџари.

При претресот биле пронајдени и одземени 54 сигнални пиштоли, два сигнални револвери, осум пневматски пушки, 48 додатоци за цевки за пиштоли, осум спрејови за самозаштита, поголема количина дијаболи, 5850 куршуми калибар 9 мм за сигнален пиштол, две комбинирани батериски ламби со електричен парализатор, еден дел од пиштол – навлака и две празни пластични кутиии за пиштол.

Одземеното оружје било доставено во Министерството за внатрешни работи на вештачење.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош