Кривична пријава за синот на Муса Џафери за нападот врз Бислимоски

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен вчерашниот напад врз М.Б. на тераса од угостителски објект во централното подрачје на Скопје и оти е поднесена кривична пријава за насилство против А.Џ. кој го признал делото.

-Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ, соопшти МВР.

Веднаш по пријавувањето на настанот, се вели во соопштението, преземени се соодветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Бислимоски: Приватните енергетски инвестиции ќе донесат пониски сметки за парно

Орце Костов

Бислимоски: Нема да има никаков ценовен шок

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

(ВИДЕО) Парното ќе поскапи многу ако не се врати цевководот на мостот на „Беласица“, се зависи од Град Скопје

Орце Костов

Трговците ќе можат да не снабдуваат со струја од Косово – Регулаторна комисија потпиша соработка

Орце Костов