Кривична пријава за штипјанец за тешки кражби

Од:

Секторот за внатрешни работи – Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде лицето Љ.Ј. (53) од Штип, поради основано сомнение дека во текот на втората половина на минатиот месец извршил две кривични дела „тешка кражба од патничко моторно возило“.

Од страна на Истражен судија на пријаверниот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 23 минатиот месец околу 16:45 часот на паркингот наспроти хотелот „Холидеј Ин“ Љ.Ј. го забележал паркирано патничко моторно возило марка „Голф2“, сопственост на И.И., со претходно подготвен алат успеал насилно да ја отвори вратата да влезе во возилото каде вршел пребарување и одземал наочари за сонце, како и незначителна сума пари (35 денари), а откако бил забележан од полициската патрола од единицата АЛФА  се дал во бегство. Веднаш по одалечување од возилото тој е фатен од полициските служби и е приведен во Полициската станица „Центар“.

Љ.Ј. на 16 минатиот месец извршил тешка кражба во времето од 19 до 20:30 часот, на улица „Пролет“ во близина на Трговскиот центар „Веро“  од патничко моторно возило марка „Лада“ сопственост на Н.Р. од Скопје, со што се стекнал со противправна имотна корист од 4.500 денари. Кражбата ја извршил на тој начин што откако се уверил дека нема никој на паркингот, со употреба на сила и делување со калаус во бравата, ја отворил вратата од возилто, влегол и украл сигнален пиштол марка ЕКОЛ сребрена боја калибар девет милиметри со пет-шест патрони од рамка, чантиче, потврда за поседување на пиштолот и една мала батериска рачна ламба. По кражбата заминал во близина на Железничка станица, каде имало оставени вагони кои ги користел како место за криење и ноќевање.

Според соопштението, во службените простории на СВР-Скопје, во Полициската станица Центар, извршен е разговор со приведениот во кој тој во целост го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело, а воедно признал дека е извршител и на други тешки кражби од возила.

Од разговорот со него дознаено е дека во периодот од 45 дена на подрачјето на Центар, во близина на хотел „Холидеј Ин“ и паркинг плацовите пред аптека Зегин тој извршил уште 10 тешки кражби, од каде одземал разни предмети кои потоа ги продавал на непознати луѓе, а дел од парите ги менувал во девизи.

При извршениот личен преглед кај Љ.Ј. пронајдени биле три банкноти од по 50 евра, две банкноти од 100 долари, две банкноти од 1.000 денари и други ситни пари денари и девизи, како и поголем број разни клучеви од возила, пар наочари, полначи за мобилни телефони, три мобилни телефони, картички од мобилни телефони и паричник, кои потекнуваат од извршени кривични дела „тешки кражби“. Пријавениот кажал дека во Скопје престојувал на непознати места, односно немал средства за егзистенција, немал постајано место на живеење и бил принуден да врши кривични дела со цел да се прехрани.

Во крим евиденциите на СВР-Штип лицето Љ.Ј. минува за повеќе сторени кривични дела  и тоа „тешка кражба“, „кражба“, „одземање на МВ“ и „измами“.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он