Кривична пријава за проценител од Струга

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.С.(62) од Струга лиценциран проценител во Агенција за процена и вештачење на недвижен имот поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Пријавениот во корист на учесниците на јавно наддавање,  направил проценка на деловен простор од  88 метри квадратни на ул „Димитар Влахов“ во Охрид  на должникот и други доверители, незаконски смалувајќи ја неговата реална вредност. Деловниот простор при лицитација со лажната намалена пресметка бил проценет на износ од 7.888.789 денари (или 128.273 евра), а при спроведената лицитација на 21 март  годинава бил купен од правно лице сопственост на Н.У. за износ од 7.950.000 денари (или 129.268,29 евра).

По ова, соопштува МВР, адвокатот Д.К. знаејќи дека претходната проценка е со невистинити податоци самиот нарачал нова проценка во друга агенција каде објектот бил проценет за повисока вредност, од  13.159.146,48 денари (или 213.276,28 евра). Потоа купувачот веднаш го ставил објектот под хипотека како банкарска гаранција во корист на адвокатот и при негово земање на банкарски кредит од 140.000 евра,  Н.У. му го продал на адвокатот.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“