Кривична пријава за претседателот на Регулаторна Марко Бислимоски

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Б., претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот законик.

Како што инфорираат од Управата, пријавениот М.Б. во својство на Претседател на РКЕ, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел БС (Д-Е V), биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година. Со тоа, како што посочуваат, ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавни набавки.

-Со горенаведените дејствија, пријавениот ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и му овозможил на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет во висина од 194.520.962,00 денари и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 14.093.576 денари, прецизираат од Управата за финансиска полиција.

Би можело да ве интересира

Финансиска полиција: Двајца златари го оштетиле државниот буџет за 64.9 милиони денари

Бислимоски: Доколку ЕУ не отстапи од планот за воведување јаглеродна такса ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ

Уапсен благајникот на прилепската болница за проневара на 250 илјади евра

Бислимоски: Во Македонија изградени нови капацитети кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори

А1он

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Голема полициска акција во Прилеп, има сомнеж за криминал во болницата

А1он