Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Ново Село

Од:

Поранешниот градоначалник на општина Ново Село Б.В. (53) доби кривична пријава поради сомневање дека ја „злоупотребил службената положба и овластување“ и со Анекс на договор продолжил закуп на времен објект на Смоларски водопади со правното лице – Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, со што овозможил тоа да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг временски рок.

– Б.В., како градоначалник на општина Ново Село, на 07.03.2014 година, злоупотребувајќи ја службента положба и овластување, склучил Анекс кон Договорот за закуп на времен објект, со кој го продолжил рокот на времетраење на договорот од 5(пет) на 11 години. Пријавениот, пред истекување на Договор за закуп на времен објект на Смоларски водопад, склучен помеѓу општина Ново Село и закупецот – правно лице од Струмица, без спроведување на јавно надавање и јавен оглас за издавање под закуп на обејкт, му го продолжил користењето на обејктот, сопственост на општина Ново Село, на 11 години. Со потпишување на Анексот, Б.В. дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно надавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект. На тој начин овозможил правното лице – Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг временски рок, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он