Кривична пријава за поранешен претседател на Здружението на пензионери „Општина Бутел Нов Живот“

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Љ.Д. од Скопје осомничен за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2015 година, соопшти денеска МВР, пријавениот во својство на претседател на Здружението на пензионери „Општина Бутел Нов Живот“ од Скопје, постапил спротивно на одредбите од Законот за здруженија и фондации, како и донесените одлуки на здружението. Притоа од сметка на здружението, во повеќе наврати противправно и неосновано биле подигани парични средства на име на материјални трошоци, исплати кон членови на здружението, како и надворешни лица за репрезентација, угостителски услуги, одржување и набавка на материјални средства, градежни материјали и превоз на патници, без при тоа да бидат донесени соодветни одлуки и решенија од органите на управување на здружението.

Пријавениот набавил и компјутери кои ги евидентирал како основни средства на здружението, при што тие не биле евидентирани во пописните листи за 2016, 2017 и 2018 година и физички не се наоѓале во здружението.

Со наведените дејствија пријавениот нанел штета на буџетот на здружението во износ од 723.016 денари.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он