Кривична пријава за полицаец на „Ќафасан“ за примање поткуп

Од:

Од страна на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во соработка со Регионалниот центар за граница Север и Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство-Струга е поднесена кривична пријава против лицето Љ.П. (43) од Тетово, вработен во МВР-РЦ за ГР Запад, како раководител на смена во Полициска станица за Гранични  проверки – Ќафасан, за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Во рамки на своите службени овластувања, соопшти денеска МВР, пријавениот во својство на службено лице како раководител на смена на ГП Ќафасан, со цел за себе да прибави противправна имотна корист на 6-ти овој месец дозволил влез во Македонија на двајца државјани на Албанија, иако не постоеле никакви законски пречки тие да влезат во Република Македонија, за што побарал и примил поткуп од оштетните граѓани во износ од 50 евра со што Љ.П. го сторил кривичното дело  „примање поткуп“.

Имено, на 6-ти декември годинава две лица албански државјани кои патувале на релација Тирана – Скопје со автобус на ДТТТУ„ДУРМО ТУРС“ Дурмиш ДООЕЛ, со цел да стигнат до Брисел со авионски лет од Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, за влез во Македонија се пријавиле на Граничниот премин Ќафасан, каде што биле селектирани за дополнителни гранични проверки и предадени на раководителот на смена Љ.П.

– Пријавениот им рекол дека за да продолжат со нивното патување до Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, иако не кажал дека постојат законски пречки за да влезат во Република Македонија, треба да го „почастат со пари за кафе“ при што побарал 50 евра (паричните средства – поткуп) да стават во една од патните исправи на оштетените, кои Љ.П. ги имал кај себе, при што оштетените една банкнота од 50 евра ставиле во една од патните исправи, се појаснува во соопштението од МВР.

Љ.П., откако извршил дополнителна проверка, без да изврши евидентирање на патниците во Оперативната евиденција на МВР со својата шифра и да стави печат за влез во патните исправи им дозволил влез во Република Македонија.

Наредниот ден околу 04,30 часот при обид да ја поминат пасошката контрола на Аеродромот „Александар Велики“ е утврдено дека во патните исправи немаат печат за влез во Македонија.

Оштетените тогаш го опишале настанот кој се случил на ГП Ќафасан и решиле случајот да го пријават во МВР, за што е сочинет Записник за примање на пријава.

Во полициската станица во Струга, од страна на оштетените извршено е препознавање на лица во присуство на надлежен Јавен обвинител од ОЈО Струга, по што од нивна страна посочен е пријавениот Љ.П. како лице кое побарало и земало парична награда поткуп во износ од 50 евра.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он