Кривична пријава за осомничен кој во дворот одгледал корен марихуана од 230 сантиметри

Од:

Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Х.Б. (1964) од велешкото село Горно Оризари, осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– По претходно добиени оперативни сознанија со наредба од надлежен суд во октомври извршен е претрес во домот на пријавениот во село Горно Оризари, каде во дворот од куќата пронајден е еден корен „канабис сатива“ (марихуана) со висина од 230см, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Таа прециозира дека стеблото марихуана е одземено и е извршено вештачење во крим техника при МВР.

Инаку, пријавениот и претходно е пријавуван за вакви и слични кривични дела, за што му се изрекувани и затворски казни.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он