Кривична пријава за лажно пријавување

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот М.Џ. од тетовска Палатица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик, извести МВР.

– Пријавениот се сомничи дека на 2 декември лажно пријавил дека во неговата куќа во Палатица била извршена тешка кражба во која биле одземени златен накит и девизи во вкупен износ од околу 100.000 евра, а во која наводно учествувал неговиот син А.Џ.(19) со уште три други лица, по што наводно се оддалечиле од куќата и заминале со возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, соопшти МВР.

М.Џ. признал дека ја измислил целата приказна околу кражбата.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ