Кривична пријава за кумановец за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против лицето И.Ѓ.(36) од Куманово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во домот на пријавениот, на 03.07.2013 извршен е претрес при што се пронајдени и одземени вкупно 31 насад од растението „канабис сатива“. Одгледуваните насади се со височина од околу 1,5 метри, и истите биле заштитени односно сокриени со најлска фолија, за да не бидат видени од улицата.

Истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, И.Ѓ. е познат сторител на повеќе кривични дела „тешка кражба” и „кражба” за што е и осудуван.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ