Кривична пријава за кражба на златен накит од златарница

Од:

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против 29-годишниот С.М. од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на 6 март годинава, пријавениот од златарницата „Корал“ лоцирана во безистенот во Струга одзел една детска златна белегзија со што се стекнал со противправна имотна корист од 12.000 денари.

– Откако пристигнал во златарницата, С.М. од сопственикот побарал да види какви модели на златни детски белегзии се нудат. Во моментот кога сопственикот на златарницата вршел мерење на белегзиите, пријавениот С.М. успеал незабележано да одземе една детска белегзија, по што излегол од објектот. Набрзо, бесправно одземената златна белегзија тој ја понудил на продажба во соседната златарница, каде со сопственикот се договориле за купопродажна цена од 70 евра, изјави Димоски.

По пријавувањето на кражбата, полициските службеници од полициската станица во Струга го забележале С.М. во струшката чаршија од каде бил и приведен.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он