Кривична пријава за кичевка поради несовесно работење во службата

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.П.(49) од Кичево поради „несовесно работење во службата“, со кое на ПСШ „Лопушник“ – Кичево при ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, каде работела му причинила материјална штета од 233.288 денари.

Како што информира денеска МВР, на 5 септември 2017 година во РЕ „Расадник Крушино“, вработени во ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, при попис констатирале дека во периодот од март 2015 година до пописот, период во кој пријавената, како референт во ПСШ „Лопушник“ – Кичево при ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, била одговорна за готови производи, имало 43.476 садници помалку од предвиденото.

Со ова А.П. на ЈП „Македонски шуми“ – Скопје му причинила материјална штета од 233.288 денари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево