Кривична пријава за кичевец заради уништување изборен материјал

Од:

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лицето 64-годишниот Б.К. од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Уништување на изборен материјал“.

Како што информираше портпаролот Стефан Димоски, Б.К. на 31 октомври 2021 година околу 7,45 часот на избирачко место лоцирано на улицата „4-ти Јули“ – Кичево, откако претходно го остварил своето избирачко право за избор на градоначалник на општина Кичево, на член на избирачкиот одбор му рекол дека направил грешка и побарал ново гласачко ливче.

По добиениот одговор дека тоа не е возможно, пријавениот го искинал гласачкото личве и го напуштил гласачкото место.

Би можело да ве интересира

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична