Кривична пријава за италијанец осомничен за прикажување детска порнографија

Од:

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ц.С.(35) државјанин на Италија поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.

Пријавениот во периодот од јануари 2013 до февруари 2014 година преку социјалните мрежи Скајп и Фејсбук во повеќе наврати злоупотребил неколку деца кои наполниле 14 години на тој начин што им понудил и преку банки со брз трансфер на пари им исплатил 4.307 евра. Како противуслуга, соопшти денеска МВР, од децата барал да се соблекуваат голи, да се допираат по телото, да се фотографираат и така направените фотографии и видео клипови да му ги испраќаат.

Од страна на полициски службеници, по наредба од Основен Суд извршен е претрес во домовите каде живеат децата при што пронајдени се предмети-компјутери и мобилни телефони преку кои е остварувана интернет комуникацијата, се одземени и дадени за вештачење во МВР на РМ.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски