Кривична пријава за гостиварец за неовластено поседување дрога

Од:

Гостиварската полиција при редовна контрола вчера пронашле 25 пакетчиња со хероин кај 41-годишен жител на селото Добридол.

МВР денеска соопшти дека на улицата „Борче Јовановски“ А.Ш. (41) кога ги забележал полициските службеници кои вршеле редовна служба, се дал во бегство и во негова близина фрлил една кеса.

– Од страна на полициски службеници А.Ш. е фатен и приведен во Полициска станица, а при извршениот преглед на местото на настанот пронајдена е кесата со 25 пакетчиња со непозната прашкаста материја најверојатно хероин, се вели во сооштението.

Гостиварската полиција против А.Ш. поднела кривична пријава поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ за што од страна на судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Пронајдените пакетчиња се подигнати и предадени за вештачење.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба