Кривична пријава за фалсификување исправа против двајца полицајци

Од:

СВР Велес до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против 41-годишниот О.К. од Велес, вработен во СВР Велес и 46-годишниот Н.К. од Битола, вработен во СВР Битола, поради основано сомнение дека првопријавениот е сторител на кривично дело „измама“, казниво по член 247 од КЗ на РСМ, кое го сторил на тој начин што со намера да се стекне со имотна корист, во време додека е уште член на Независниот синдикат на полиција на Македонија, довел во заблуда вработени во МВР дека се потпишуваат на пристапници за НСП, а не на во тоа време неформираниот Синдикат на полиција на Македонија, како и кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправа“, казниво по член 379 став 1 т.2, кое го сторил на тој начин што ги навел полициските службени лица да го стават својот потпис врз исправа со лажна содржина, која тој самиот ја составил, при што таквите исправи ги употребил за регистрирање на Синдикат на полиција на Македонија, извести МВР.

– За второпријавениот Н.К., пак, поради „помагање“, по член 24 во извршување на кривичното дело „измама“, по член 247 од КЗ на РСМ и кривичното дело „посебни случаи на фалсификување исправа“ по член 379 став 1 т.2 од КЗ, поради тоа што иако знаел или морал да знае дека изработката на документација без да бидат извршени дејствата е забранета, му помогнал во изработката на фалсификатите на О.К. и спроведување на измамата, соопшти МВР.

Бидејќи пријавенети лица се вработени во МВР, за целиот случај е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски