Кривична пријава за фалсификување дозвола за движење за време на „полициски час“

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“, а во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“, против Х.Р.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против М.Н.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти МВР, првопријавениот С.М., во својство на неовластено лице во правно лице од Скопје, во кое сопственик и управител е второпријавената Х.Р., инаку брачен другар на првопријавениот, во период на постоење на вонредна состојба, забрана и посебен режим на движење на територијата на целата држава, на третопријавениот М.Н. му овозможил непречено движење на територијата на град Скопје и околните општини.

Тој, иако знаел дека не е овластен во правното лице да издава Дозвола за движење на вработени, со својот потпис и со неовластена употреба на вистинскиот печат од правното лице, заверил и издал Дозвола за движење на вработен, поради вршење на сменска и ноќна работа, а печатот му бил овозможен да го користи од страна на второпријавената.

Третопријавениот се движел на подрачје на град Скопје, при што на 7 јули годинава бил сопрен и контролиран од полициски службеници, а како доказ дека легално се движи и дека поседува дозвола за движење, на увид им ја приложил гореспоменатата дозвола за движење поради вршење на сменска и ноќна работа од 4 јуни.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична за началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно