Кривична пријава за фалсификување диплома

Од:

Секторот за внатрешни работи – Тетово до Основото јавно обвинителство –  Тетово поднесе кривична пријава против  А.И. (24), вработен како наставник во ОУ.„Дрита“ во село Копаница, Скопско, М.А. (30) вработен во СГС-Скопје приватно обезбедување, К.А. (33) вработен како  професор  во СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје,  М.М.(43) вработен  во МВР – Оддел за граѓански работи, Сектор за управно надзорни работи Тетово, Е.Н. (66) професор во Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, поради постоење основани сомнениа дека сториле кривично дело „Фалсификување на исправа“ предвидено и казниво по чл. 378 од КЗ на  РМ.

Како што соопшти МВР, на 22 април годинава во СВР Тетово, било пријавено кривично дело „Фалсификување на исправа“. Според пријавата истиот ден околу 14.00 часот првопријавениот А.И. дошол во ДУТ Тетово  и од референтите на студентската служба на отсекот Филозофски факултет побарал да му биде издадена Диплома за завршено Високо  образование односно за завршен Филолошки факултет  со стекнато звање  “професор по англиски јазик “ за  што истиот   приложил Уверение  за завршено Високо образование  со бр. 17-6357/1 од 14 октомври 2013 година. По ова референтката на студентската служба се посомневала во веродостојноста и оригиналноста на уверението приложено од страна на пријавениот по што уверението го доставила  до  Секретарот на наведената институција.

По проверките извршени во евиденциите, констатирано било дека наведеното уверение не евидира во  ниту една од  евиденциите  на ДУТ Тетово.

Веднаш по добиената  пријава од страна  на полициски службеници при СВР – Тетово преземени се мерки и активности при што во ДУТ Тетово биле затекнати пријавените А.И., М.А. и К.А. по што врз основа на претходно извршена  консултација и  овластување на  Јавен обвинител –   лицата  се привидени во Полициската станица – Тетово заради расчистување на случајот. Од  обавените службени  разговори со пријавените признале дека кривичното дело го сториле во текот на октомври 2013 година кога по средбата меѓу пријавените А.И. и М.А., второпријавениот ветил дека ќе му извади Уверение за завршено високо образование на А.И. но за тоа требало да плати сума во износ од 4.000 евра. Откако А.И. се согласил,  во текот на ноември 2013 година повторно оствариле средба во село Копаница но овојпат покрај второпријавенот на средбата бил и третопријавениот К.А. Во таа прилика А.И. им ја дал  побараната сума пари од 4.000 евра како и индекс, фотокопии од извод на родени и од лична карта на негово име. Тие му ветиле дека Уверението ќе му биде готово за еден месец. По ова, откако ги зеле парите и документите, М.А. и К.А. се упатиле во Тетово каде требало да остварат средба со четвртопријавениот М.М. По пристигнување  во Тетово пријавениот К.А. на паркингот во близина на „Културен дом“ во Тетово се сретнал со  четвртопријавениот М.М.  му го дал пликот со 4.000 евра  како и документите  на име на А.И. за што им било ветено дека Уверението ќе биде готово за еден до два месеци. Потоа наведените документи со парите четвртопријавениот М.М. му ги предал на петопријавениот Е.Н.

Во текот на полициските активности околу случајот од страна на ДУТ Тетово добиено е известување каде е наведено дека Уверението на име на првопријавениот А.И.  е фалсификат.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он