Кривична пријава за две лица за злоупотреба на службена положба

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А. (39) од кумановското село Опае поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ и „измама“ и  С.Д. (45) од кумановското село Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба“.

Во 2013 година, Е.А. во својство на електро монтер вработен во „ЕВН Македонија“, КЕЦ Куманово неовластено симнал електрично броило кое се наоѓало во домот на Х.М. во Куманово за кое имал пријавено дека прикажува нереални износи и имал неподмирен долг кон „ЕВН“ во износ од 192.501 денари. По ова, соопшти денеска МВР, Е.А. извршил незаконско преместување на електрични броила и тоа броилото кое се наоѓало кај лице Ќ.К го монтирал во домот на Х.М. а неговото претходно симнатото броило им го оставил за вградување во друга куќа, за да не плаќаат повторен надомест. За извршената замена Е.А. примил паричен надомест од 27.000 денари.

На 14.05.2013 година, С.Д. ја злоупотребил службената положба на тој начин што незаконски во системот за евиденција што се води во „ЕВН Македонија“ ги сменил матичните податоци на потрошувачот Ќ.К и ги впишал податоците на братот на М.Х. без соодветни документи. Со ваквите дејствија пријавените го оштетиле „ЕВН Македонија“ КЕЦ-Куманово за износ од 222.501 денари.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он