Кривична пријава за две лица осомничени за шверц на хероин

Од:

Министерството за внатрешни работи – Секторот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Управа пресече меѓународен канал за шверц со дрога при што заплени еден килограм и 300 гррама  хероин, а од слобода лиши две лица македонски државјани.

На граничниот премин Табановце на 15.07.2015 година околу 20,40 часот на излез од Република Македонија по претхоно добиено сознание во автобус кој сообраќал на редовна автобуска линија Струга – Луцерн Швајцарија од страна на царински службеници извршен е претрес и преглед на патници и багаж  при што во дупло дно на куфер со залепена карта за багаж на рачката, во сопственост на патникот А.П.(54) од Кичево пронајдени се  4  црни најлонски  пакувања со непозната прашкаста материја за која е утврдено дека се работи за наркотична дрога хероин.

Како што денеска соопшти МВР, А.П. за одреден паричен надомест од 1.500 евра бил ангажиран да го изврши транспортот до Швајцарија од страна на лицето М.Ј.(35) од Гостивар, кој бил организатор на транспорт, а исто така патувал во истиот автобус и седел во непосредна близина на лицето  транспортер.

Одземената прашкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ,  за понатамошно вештачење. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за хероин со вкупна маса од еден килограм и 258 грама.

Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога до  Основното Јавно обвинителство-Куманово  поднесена е кривична пријава против двете лица за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи