Кривична пријава за двајца велешани за кримчарење мигранти

Од:

Министерството за внатрешни работи до Основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата С.Ј. (39) и Ѓ.Д.(47), двајцата од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Пријавените на 12.07.2013 година се обиделе илегално да превезат шест лица државјани на Бангладеш. Како што соопшти денеска МВР, на 12.07.2013 година во 22,50 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, поточно по стариот пат Демир Капија –Скопје, од страна на полицијата за БПС „Демир Капија“ и полициски службеници од Мобилната единица за прекуграничен криминал, при контрола на возило „Шкода Фабиа“  со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д., откриени се шест државјани на Бангладеш со илегален влез и престој во Македонија. Според нивното кажување имале намера илегално да се превезат до Скопје-Куманово, а понатаму преку Србија, Унгарија да стигнат до западно европските земји.

Пријавениот С.Ј. кој се превезувал во возило „Форд Фиеста“ имал улога на организатор и со неговото возило го чистел теренот за превезување на илегалните мигранти. Лицата се изведени пред истражен судија кој им одреди притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа