Кривична пријава за двајца прилепчани за фалсификување исправи

Од:

Прилепската полиција поднесе кривична пријава за фалсификување исправа против 31 годишниот прилепчанец со иницијали Д.М и 28 годишниот негов сограѓанин со иницијали Ј.Ј.

– Осомничените изработиле повеќе лажни документи: потврди од банки со лажен депозит од 10.000 до 40.000 евра, потврди за постојан работен однос, образец М1 и М2 кои ги продавале на разни лица од Прилеп, а тие пак ги користеле за аплицирање за визи за САД, изјави Магдалена Димитриевска, портпарол на СВР Битола.

Според Димитриевска, засега се знае дека се изготвени лажни документи за три семејства, а не се знае колку досега фалсификувале ниту колку време работеле двајцата осомничени на изгработката на лажните документи.

Првиот осомничен Д.М досега и бил познат на полцијата како сторител на кривични дела. Кривичната пријава е предадена во Основното јавно обвинителство, а се очекува попладнево осомничените да се најдат пред истражен судија. Полицијата бара да им се одреди притвор до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ