Кривична пријава за двајца полицајци поради прекумерна употреба на сила

Од:

Кривична пријава е покрената против двајца полицајци поради прекумерна употреба на сила при извршување на службената должност, при што предизвикале телесни повреди.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против С.С.(39) од село Подгорци, струшко и Г.К.(47) од село Пештани, охридско, полициски службеници во Полициската станица Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,малтретирање во вршење на службата” и „тешка телесна повреда”.

Полицајците завчера околу четири часот на улица „7-ми Ноември“ во Охрид, при преземање на службени дејствија во врска со претходно пријавен настан примениле средства за присилба при лишување од слобода на Б.Н.(18) од Охрид поради давање на отпор од него.

Пријавените, како што соопшти МВР, средствата за присилба ги употребиле несразмерно и неправилно и на Б.Н. му нанеле тешка телесна повреда. Против осомничените полициски службеници поведена е дисциплинска постапка пред надлежната комисија за сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина и истите се отстранети од работното место до завршување на постапката.

Би можело да ве интересира

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност