Двајца полицајци тепале затвореник во струмичкиот затвор, добија кривични пријави

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против П.П.(31) од село Василево и А.М.(25) од Струмица, двајцата полициски службеници, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од струмичката полиција.

Како што стои во соопштението, двајцата полицајци вчера околу 09:45 часот имале наредба да достават пресуда на осуденикот Ј.А., кој издржува казна во Затворот во Струмица. Откако затвореникот почнал непристојно да се однесува кон нив, тие физички го нападнале во присуство на вработени во затворот и постапиле несовесно за време на вршењето на службата.

По пријавувањето на настанот полициски службеници од СВР Струмица во содејство со полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола презеле мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Полицајци обвинети за кражба на 36.000 евра при претрес на куќа

А1он

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

13 полицajци осомничени дека не спречиле користење на пиротехника во „Пулс“ која беше фатална за 62 лица

Горан Наумовски

Левица: Валканите полицајци кои не одговараат за Кочани регрутирани во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Единаесет уапсени, од кои седум се полицајци, осомничени се за примање и давање поткуп

Горан Наумовски

Кривична за полицајците кои не му пишаа казна на братот на градоначалникот на општина Гази Баба

А1он