Кривична пријава за двајца од Радолишта за оштетување место – споменик на културата

Од:

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.Д.(69) и Л.М.(40) од струшкото село Радолишта осомничени за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети”.

Пријавените го извршиле оштетувањето на 12 декември 2016 година на се уште неистражено место кое е составен дел од ранохристијанската базилика во струшкото село Радолишта, кое е прогласен споменик на културата и заведен во Централен регистар на споменици на културата на Република Македонија под надлежност на Завој и музеј на град Охрид.

Како што соопшти МВР, оштетувањето на местото во состав на базиликата било направено кога пријавените вршеле ископ со механизација за тампонирање на постојниот локален пат од селото Радолишта до магистралниот пат Струга – Ќафасан. Со ископот неовластено бил опфатен се уште неистражениот дел кој се наоѓал северно од ранохристијанска базилика.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски