Кривична пријава за двајца измамници од Кочани

Од:

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, на издржување казна затвор од седум години во затвор Штип и против Н.Н.(28) од Штип.

Првопријавениот П.С., информираа денеска од МВР, остварил комуникација преку апликацијата Messenger со лице од кочанско село, се претставил како женско лице и успеал да го убеди да му ги даде сопствените лични податоци и податоците од неговата трансакциска сметка.

– После тоа, двајцата пријавени како соизвршители аплицирале за брзи кредити и од две финансиски друштва им биле одобрени парични средства во висина од 76.500 денари. Потоа, првопријавениот го довел во заблуда оштетениот дека парите се од „нејзини“ роднини од странство, оштетениот ги извадил од банка и ги дал на второпријавениот да ги предаде на П.С., се појаснува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес