Кривична пријава за четворица за финансиски криминал во „Напредок“ од Пехчево

Од:

Секторот за внатрешни работи во Штип поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани против четири лица во врска со стечајот и оштетувањето на доверителите во АД „Напредок“ од Пехчево.

Кривичната пријава е поднесена против Г.С.(60), Д.И.(66), Н.С.(31) тројцата од Скопје и Т.А. (58) од Пехчево поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, „предизвикување стечај со несовесно работење“ и „оштетување или повластување на доверители“.

Г.С и Д.И. како неизвршни членови на Одборот на директори и Н.С. како управител на АД „Напредок“ сакајќи да прибават противправна имотна корист на 22 јули 2011 година донеле одлука за продажба на подвижниот и недвижниот имот по што Н.С. како извршен член на Одборот на директори извршил продажба на имотот на „Напредок“. Добиените парични средства неосновано, повикувајќи се на непостоечки позајмици од сметката на компанијата, ги префрлил на трансакциски сметки на Г.С. и Д.И. и на ќерката на второпријавениот, како и на трансакциските сметки на правните лица „Политехна“ , Благоје ДООЕЛ Скопје и на Леа-Д ДОО Скопје. Со тоа незаконски се префрлени парични средства во вкупен износ од 11.805.194 денари, на штета на компанијата.

Н.С. и Т.А. со непреземањето на нивните обврски за наплата на доспеаните побараувања во износ од 40.504.098 денари, како и со обезвредување на имотот преку признавањето на фиктивните позајмици, дозволиле компанијата да стане инсолвентна со што поттикнале да се отвори стечајна постапка. 

Знаејќи дека компанијата веќе е неспособна за плаќање, а со намера да ги оштети доверителите кои во септември 2011 година имале доспеани побарувања, Н.С. сите парични средства од продажбата на недвижниот имот ги префрлил на трансакционите сметки на прво и второпријавените, како и на сметки на нивните блиски фирми.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски