Кривична пријава за битолчанец за злоупотреба на службено овластување

Од:

МВР по претходно спроведена истрага, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје против лицето А.П. (37) од Битола, вработен во Фабрика за опрема и делови ФОД Дооел Новаци АД ЕЛЕМ Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на управител на Фабрика за опрема и делови ФОД Дооел Новаци АД ЕЛЕМ Скопје, односно како одговорно лице во наведниот договорен орган, со искористување на својата службена положба и овластување, а во врска со постапка за доделување договор за јавна набавка, по објавен јавен оглас од април 2012 година за набавка на гумени елементи за валци, спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и условите на објавениот оглас, на 11.09.2012 година склучил Рамковен договор со „Технопродукт“ Дооел Гевгелија.

Иако предметната постапка за јавната набавка била обжалена и не била завршена, а Државната комисија за жалби по јавни набавки со Решение од 31.10.2012 година ја поништила набавката, пријавениот А.П., соопшти денеска МВР, наместо да го раскине незаконски склучениот договор, со пречекорување на границите на своето службено овластување, дозволил да се изврши испорака на стоки по основ на склучениот договор, со што нанел штета на „ФОД“ Дооел НовациАД ЕЛЕМ Скопје во вкупна вредност од 7.060.727 денари, со што сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Би можело да ве интересира

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он