СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.М(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење” предвидено и казниво по член 244-а од Кривичниот законик.
-Пријавениот во текот на септември 2020 година, како физичко лице во својство на инвеститор, започнал градежни активности на катастарска парцела во КО Чаир, о.Бутел, на парцела со вкупна површина од 11042м2, на која е сосопственик пријавениот со уште неколку други физички лица и Република Северна Македонија, при што градежните работи кои што се состојат од поставување на ограда, пополнување со земја на поголем дел од парцелата и поставување на монтажен објект, пријавениот ги извршил без да обезбеди Одобрение за градење од надлежниот орган, со што пријавениот го сторил кривичното дело ,,бесправно градење” предвидено и казниво по чл.244-а од КЗ на РСМ, се наведува во соопштението од МВР.