Кривична пријава за албански државјанин кој ограбувал цркви во Радожда

Од:

Дваесет и четиригодишно лице од албанското село Котодеш доби кривична пријава од Полициската станица во Струга за кражби во три цркви во село Радожда.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека пријавениот М.М. (24), во периодот од 1 мај до 8 јули годинава, извршил серија тешки кражби во црквите „Св. Петка“, „Св. Архангел Михаил“, и „Св. Недела“ во струшкото село Радожда. Одредена му е мерка притвор во траење до осум дена.

– Тој илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ населбата Радожда. Во погоден момент, М.М. влегувал во црквите каде насилно и со физичка сила ги отворал влезните врати. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста на црквите, ги земал металните каси и со употреба на тврд предмет ги кинел држачите од катинарите. Потоа ги одземал парите од касите и од иконите и брзо излегувал од црквите, рече Димоски, посочувајќи дека лицето присвоило околу 3.000 денари.

По извршувањето на кражбите,  М.М. по илегалниот пат  се враќал назад во родното село во Република Албанија.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи