Кривична пријава против вештак поради примање поткуп

Од:

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против 56-годишниот С.В. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 6 во врска со став во врска со став 2 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

„Пријавениот, во својство на вешто лице ангажиран од Бирото за судски вештачења при Министерството за правда, во текот на јули 2018 во неколку наврати побарал парични средства во износ од 2000 евра од сопственик на винарска визба од Штип за да стави потпис на економско финансиски вештачења по предмет кој се водел во Основниот суд во Штип против правното лице“, се наведува во соопштението од полицијата. Во соопштението на МВР се додава дека пред само два дена, односно 6-ти октомври во просториите на правното лице пријавениот ги примил паричните средства во износ од 2000 евра, по што се потпишал на финансиското вештачење, а судија на претходна постапка на пријавениот му одредил мерка куќен притвор.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ