Кривична пријава против три лица за злоупотреба на службената должност

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 61 годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на службена должност и овластување“ и против две лица В.Ј.(39) и С.К.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“.

Во 2016, првопријавениот, во својство на управител на правно лице од Скопје, како увозник и сопственик на возило „Форд Ренџер“, за кое знаел дека не ги исполнува пропишаните услови и стандарди, односно не може да се регистрира и управува на територијата на Република Северна Македонија, по извршена царинска постапка и добиена царинска декларација на име на правното лице, со непознато лице договорил изработка на странски договор за купопродажба на возилото со невистинита содржина, преку внесување податоци за лице купувач кој е повратник од странство, како и да поднесе барање до Бирото за метрологија за отворање на постапка за идентификација на возилото, при што тој на непознатото лице му дал примерок од странската фактура, странската сообраќајна дозвола на име државјанин на Холандија и времена странска сообраќајна дозвола на име на лице од Скопје, соопштуваат од МВР.

По ова, се дополнува во соопштението, лицето обезбедило потврда од управните служби во Ресен на име лице од Ресен, во кое е наведено дека е повратник од странство, по што изработил невистинита фактура во која биле внесени невистинити податоци за продавач на возилото како правно лице од Холандија, додека како купувач било лицето од Ресен.

– После тоа, ваквата документација лицето ја доставило во прилог до Бирото за метрологија, кое издало потврда за отворање на постапка за идентификација. Првопријавениот, во име на правното лице од Скопје, ја приложил до правно лице заради спроведување на постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилото, а В.Ј., во својство на вработен како технички испитувач и овластен потписник на документите за одобрување на регистрација за возила, ја спровел постапката за идентификација на возилото, без да ја утврди фактичката состојба и издал согласност за регистрација на возилото. На крај од целата постапка, пријавениот С.К., во својство на референт во Управни работи, издал регистарски таблички и возилото било пуштено во правниот промет и сообраќај на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он