Кривична пријава против струмичанец за сторено кривично дело за недозволена трговија со културни добра

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 13.10.2022 до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против лицето Б.Б.(39) од Струмица, за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по чл.265 од Кривичниот законик.

– Имено, поради сознание дека Б.Б. поседува археолошки предмети – стари монети и други добра под привремена заштита, на 01.07.2022 година, од страна на ОСОСК во координација со СВР Струмица при извршен преглед на сопрено патничко возило управувано од него, биле пронајдени и одземени вкупно 276 стари монети во различна форма и големина, 10 метални предмети во форма на прстен со различна големина, метален приврзок, четири метални предмети во различни форми и големини, по што лицето е приведено во полициска станица, извести МВР.

„При извршениот службен разговор со него, тој изјавил дека монетите и другите предмети ги нашол на локација во струмичко село пред околу една година, а потоа со метал детектор и на други разни локации наоѓал и собирал монети и други артефакти, по што тој во СВР Струмица доброволно го предал детекторот за метали и друг рачен алат.

Од страна на ОСОСК до ОЈО Струмица е доставено Известување, со барање до ОЈО Струмица да издаде Наредби за вештачење на пронајдените археолошки предмети, а по издадените Наредби, одземените предмети на 12.07.2022 се предадени на НУ Археолошкиот музеј на РСМ и на вештото лице вработено во истиот“, велат од МВР.

„Според наодот на Комисијата за давање на стручно мислење за археолошки предмети во НУ Археолошки Музеј на РСМ, десетте метални предмети пронајдени кај Б.Б. претставуваат оригинали и спаѓаат во сферата на културното наследство, а по завршената стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, од вкупно 276 монети, 275 претставуваат културно наследство т.е. добро под привремена заштита и како такви имаат своја историска и археолошка вредност, за што до ОЈО Струмица е доставен соодветен Извештај“, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он