• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава против скопјанец за даночно затајување

by А1он22/10/2020 - 11:44321
Share0

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Т.П.(57) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“.

Добивај вести на вибер

Пријавениот, во периодот од 01.01.2017 до 31.12.2018 годинам соопштија денеска од МВР, во 45 наврати имал реализирано приливи на девизни средства од повеќе физички лица од Индонезија, Кина и Велика Британија, во вкупен износ во денарска противвредност од 3.609.378 денари, по пат на користење на услугите за брз трансфер на пари, а од негова страна во вкупно девет наврати испратени се девизни средства во вкупен износ од 1.810 евра и 3.315 американски долари на лице од странство.

– Т.П. со намера да го одбегне плаќањето на персоналниот данок на доход за 2017 и 2018, во износ од 10 проценти од износот од примените парични средства, не ги пријавил како друг доход и не поднел Годишни даночни пријави за персонален данок на доход до УЈП како даночен орган, иако согласно одредбите на член 12 од Законот за персоналниот данок на доход бил должен за овие износи да пресмета и плати персонален данок на доход во вкупен паричен износ од 360.937 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија, се појаснува во соопштението од МВР.

krivicna

Би можело да ве интересира

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

Горан Наумовски28/02/2025 - 13:22

МВР најави кривична за шверцер на брендирана облека

Горан Наумовски17/02/2025 - 11:11

МВР: Кривична за началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:38

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски10/05/2024 - 14:0810/05/2024 - 14:53

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он03/05/2024 - 14:0803/05/2024 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен