Кривична пријава против правен субјект и одговорно лице од Кочани за „пустошење шума“

Од:

Одделението за внатрешни работи Кочани денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани против правно лице од Кочани и В.Т.(53) од Кочани, како одговорно лице во правното лице, за сторено кривично дело „пустошење шума“ по член 226 став 5 в.в. став 1 и 2 од Кривичниот законик.

Пријавените, спротивно на закон, без да имаат склучен писмен договор со ЈП „Национални шуми“ Скопје – ПШС „Осогово“ Кочани за извршување на работи на шумска култура за активностите сеча и дотур во ШСЕ „Злетовска река – Пониква“, во шума во државна сопственост прогласена за заштитен предел, лоциран на Осоговските Планини, на м.в. „Бунари“, во септември 2022 извршиле бесправна сеча на буковa дрвна маса со вкупна количина од 207,44 м3.

– Пријавените во периодот од 22 до 30.09.2022 извршиле бесправна сеча на 97 букови стебла во количина од 119,44 м3, кое бесправно ги складирале подготвени за превоз, а бесправно исеченото буково дрво – трупци во количина од 88м3 го оставиле во сечиштето, соопштија денеска од МВР.

Бесправно исечените трупци и бесправно складираното буково огревно дрво (нежигосано) се пронајдени во ШСЕ „Злетовска река – Пониква“, во вкупна количина од 207,44 м3, одземени се и предадени на ЈП „Национални шуми“ Скопје – ПШС „Осогово“ Кочани.

Би можело да ве интересира

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична