Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Македонска Каменица Дарко Митевски

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.М.(44) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Во периодот од 01.01.2017 до 30.05.2017, пријавениот, како поранешен градоначалник на општина Македонска Каменица, без да спроведе постапка со барање за прибирање понуди и спротиvно на член 28 и член 100 од Законот за јавни набавки, во повеќе наврати без одлука и спроведена постапка за јавна набавка извршил набавка на стоки и услуги во вредност над 500 евра, во денарска противвредност без да овозможи еднаков третман на економските оператори и без да спроведе транспарентна постапка при процесот на набавки на стоки и услуги, извршил и набавка на стоки и услуги од повеќе правни лица во вкупна вредност од 403.996 денари и овозможил на правните лица од кои извршил набавка да се
стекнат со некаква корист,“ се вели во соопштението од МВР.

Набавките ги вршел без одлука и без да бидат предвидени во годишниот план за јавни набавки, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка

А1он

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

СДСМ го освојува градоначалничкото место со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

МВР најави кривична за шверцер на брендирана облека

МВР: Кривична за началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје