• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за разбојништво против лице од Тетово

by А1он21/05/2017 - 12:5721/05/2017 - 12:5872
Share0

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицето Н.Ш. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ предвидено и казниво по член 237 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Пријавениот го извршил делото заедно со уште едно непознато женско лице. На 04.06.2016 година на ул. „Методија Митевски“ околу 17.00 часот непознатото лице отишло во станот на оштетениот под изговор дека ја испратил негов пријател за да и најде стан под кирија. Се задржала околу 15 минути и си заминала. Подоцна, околу 23.00 часот истата се вратила во станот под изговор дека нема каде да преспие, додека пријавениот Н.Ш. останал во ходникот од зградата да ја чека. По кратко време непознатото женско лице ја отклучила влезната врата и телефонски го повикала пријавениот да влезе во станот. Откако влегол пријавениот, женското лице го удрила оштетениот во пределот на лицето, го соборила на подот и со помош од пријавениот го покрила со ќебе. После тоа продолжила да го држи оштетениот. Во меѓувреме, пријавениот извршил претурање и пребарување по мебелот од дневната соба од каде одзел еден пиштол марка „Бровинг“ калибар 7.65 м.м. во кој имало рамка со три куршуми и пари. После тоа двајцата го напуштиле станот.

Увидна екипа на СВР Скопје извршила увид на местото на настанот, по што по наредба на Јавен обвинител извршено е вештачење на траги најдени на местото на настанот.

На 11.05.2017 година од страна на полициски службеници од СВР Тетово лицето Н.Ш. е лишено од слобода и е предадено на полициски службеници во ПС ОН „Бит Пазар“ каде е извршен службен разговор во кој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

Секторот за внатрешни работи Скопје и панатаму презема мерки и дејствија за откривање на непознатото женско лице. По нејзино откривање ќе следи соодветен поднесок.

skopje

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен