Кривична пријава против двајца скопјани за „злоупотреба на лични податоци” и „измама при добивање на кредит или друга погодност”

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјаните Џ.Л.(29) и Ф.Б.(25), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци” и „измама при добивање на кредит или друга погодност”.

-Пријавените пронашле изгубена лична карта на лице од Скопје и во текот на ноември 2022 година со пронајдената лична карта, лажно претставувајќи се дека се лицето со генералии од личната карта, во две различни филијали на финансиски друштва, во два наврата, секој лично, се обиделе да подигнат брз кредит и на тој начин се обиделе да го доведат во заблуда административниот службеник да им одобри брз кредит, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ