Кривична пријава против 16 лица осомничени за криумчарење мигранти

Од:

Министерството за внатрешни работи (МВР) по вчерашната акција, преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против 16 лица, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела поврзани со криумчарење мигранти и помагање.

Осомничените се товарат за „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“, „Криумчарење мигранти“ и „Помагање“, дела кои се предвидени и казниви по КЗ на Република Македонија.

Пријавените, како што соопшти МВР, се на возраст од 24 до 78 години и тоа шестмина од Куманово, петмина од Ваксинце, двајца од Скопје, по едно лице од Матејче, Черкезе и Богданци и еден странски државјанин од Бангладеш, кој имал улога на организатор на активностите на групата.

Осомничените биле изведени пред надлежниот суд, кој им изрече мерка притвор.

За време на акцијата на подрачјето на Куманово и околината, биле обезбедени 12 члена од групата, а по четворица кои сеуште се недостапни за органите на прогонот, во моментов се трага.

Оваа криминална група, според сознанијата, подолг временски преиод вршела криумчарење на поголеми групи на мигранти, со потекло од Сирија, Авганистан, Пакистан, Судан и други земји од блискиот и далечниот исток, кои се наоѓале во Република Грција и истите сакале преку територијата на Република Македонија да заминат кон Србија, а од таму кон некоја од западноевропските земји.

Членовите на оваа група, како што се наведува во соопштението, делувале како дел од поголема меѓународна криминална мрежа, раководена од лице со прекар „Бангладеш“ кое подолго време престојувало во с.Ваксинце.

Секој од членовите на групата имал различни задачи околу криумчарењето мигранти за кое наплаќале сума од 600 – 1000 евра по мигрант. Во таа цена влегувала организирацијата и спроведувањето на криумчарење на мигрантите преку територијата на Република Македонија, по што тие биле предавани на лица или криминални групи кои ги пречекувале на српска територија.

Групата има воспоставено организациска структура, односно, постоеле организатори на криминалната група, кои воспоставувале контакт со лица во Грција барајќи заинтересирани мигранти, членови кои го спроведувале транспортот, возачи на товарни или патнички возила со мигранти, чистачи, лица кои организирале сместување, лица кои го вршале криумчарењето на мигрантите преку границата и лица кои примале и испраќале парични средства преку “Брз трансфер на пари“, а се стекнати од нелегалните активности.

При реализацијата на истрагата, вчера, околу 4:30 часот, кај село Доброшане, кумановско, беше пресечен транспорт на седум мигранти од страна на три од пријавените лица, кои ги прифатиле мигрантите на место во близина на Богданци и преку Струмица, Штип и Свети Николе се упатиле кон Куманово, од каде мигрантите требало да продолжат кон село Ваксинце и понатаму кон Србија и некоја од земјите на ЕУ.

Врз основа на добиени наредби за претрес на дом и други простории, преземени се мерки и активности за претреси во вкупно 11 објекти, кои се во сопственост или се користени од страна на членовите на групата, при што во куќата на еден од осомничените во с.Ваксинце е пронајдена голема група на нелегални мигранти. Групата броела околу 160 мигранти меѓу кои најмалото било девојче на возраст од 1,5 година, деодека најстариот бил 37 годишен маж. Од откриената група 18 биле жени, а останатите мажи. Таму е пронајден и мигрантот со прекар „Бангладеш“, додека во останатите објекти пронајдени се и одземени: два пиштоли 7,65 мм (марка Црвена Застава и марка Взор), поголем број на мобилни телефони, таблети, СИМ картици, парични средства во износ од преку 20.000 евра кои потекнуваат од кривично дело, четири возила со кои бил вршен транспортот и други предмети во интерес на истрагата.

Од преземените мерки и активности, утврдени се најмалку 10 криумчарења на мигранти, при што биле прокриумчарени голем број на лица – мигранти.

Би можело да ве интересира

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

А1он

Моторџии возеле без кацига и без дозвола, за еден ден казнети 185 возачи на мотори

А1он

Полициска акција во Скопје, приведени 28 дилери

Назим Буши од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи

Анита Петровска Рајковиќ

Осумгодишно девојче со хеликоптер пренесено од Скопје во Истанбул за операција

Пејачот Амар Османи е жртвата во пукањето на „Пластичарска“

Катерина Ѓуровски