Кривична пријава кичевчанец поради кражба во шнајдерска работилница

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против О.Џ. (41) од Кичево.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 18-ти минатиот месец во 3 часот и 50 минути во шнајдерска работилница во Кичево.

Тој, со намера да одземе туѓи подвижни предмети и противправно да ги присвои, со подесен предмет насилно ја отворил влезната врата од шнајдерската работилница лоцирана на улицата „29 Ноември“ во Кичево. Веднаш почнал да пребарува низ работилницата во што бил забележан од граѓани, а по кратко време и приведен од полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он